Ослободителна пресуда за обвинетите во случајот „Тортура“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Случајот „Тортура“ кој го водеше судијката Александра Ристеска, поврзан со аспењето на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски на 6 јуни 2011 година, денес ја имаше својата формална судска разрешница со пресуда за истиот.

Првообвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО, е осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“ помеѓу кои, Ивица Анчевски, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани.

Сите обвинети добија ослободителни пресуди за овој случај, откако судијката потенцираше дека обвинителството не успеало да докажи ниту едно од обвиненијата за кои се товареа обвинетите.