Времето денеска ќе биде…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денешниот ден, среда, 21. јули, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец. УВ индексот ќе биде 8.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 30 степени. Маврово 23, Охрид 28, Битола 29, Крива Паланка и Берово 26, Кавадарци 32, Дојран 35.

Следува период на стабилно време, во четврток со умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец. Дневните температури ќе бидат без позначителни промени, а утрата ќе бидат посвежи. Позначителен пораст на температурите ќе има од недела.