Home Живот и здравје Статистички податоци: Еве во кои градови во Македонија има најмногу вакцинирани против Ковид-19, а во кои најмалку

Статистички податоци: Еве во кои градови во Македонија има најмногу вакцинирани против Ковид-19, а во кои најмалку

Според статистичките податоци на Министерството за здравство на територијата на цела држава барем една доза вакцина досега примиле 27,5% од граѓаните.

Последните анализи покажуваат дека најголем процент на вакцинирани граѓани има во Кавадарци 43,5%, потоа следи Охрид со 42,9% и Гевгелија со 41%. Најмал процент на вакцинирани граѓани бројат следниве населени места: Дебар со 17,3% , Тетово со 17,1% и Кичево со најмал процент на вакцинирани граѓани 15,8%.

Состојбата на вакцинирани граѓани во останатите градови е следна:

Ресен 39,8%; Битола 38, 9%; Неготино 38%; Штип 37,2%: Пехчево 36%; Велес 31%; Демир Хисар 30,9%; Берово 30,9%; Скопје 30,8%; Валандово 30,6%; Прилеп 30,3%; Пробиштип 29,7%; Крушево 28,3%; Koчани 25,3%; Свети Николе 25,2%; Делчево 24,9%; Виница 24,5%;Крива Паланка 23,9%; Радовиш 23,2%; Струга 23,1%; Куманово 21,2%; Струмица 19,4%; Кратово 18,9%; Македонски Брод 18,2% и Гостивар 17,8%.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Сок што треба да се пие секоја вечер за слабеење додека спиете

Според нутриционистот Алекс Сифуентес, консумирањето на овој сок пред спиење помага во сог…