Тешка сообраќајна несреќа кај Битола, почина едно лице


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Едно лице почина на пат кон болницата, по тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Битола – Маково, во селото Логоварди, Битолско.

„Во несреќата учествувале патничко возило ауди, управувано од М.А.(34) од Битола и патничко возило голф, управувано од С.М.(50) од сeлото Логоварди, и двете со битолски регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.М. и на пат кон болница починал“, соопшти МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата.