Видеоиграта „Супер Марио 64“ се продаде за рекордни 1,5 милиони долари на аукција


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Неотворена копија на „Супер Марио 64“ беше продадена на аукција за неверојатни 1,56 милиони долари, со што беше надмината претходната рекордна сума за една видеоигра, поставена само два дена порано.

Запечатената копија на играта беше купена во неделата преку аукциската куќа во „Херитиџ аукшнс“.

Дискетата од 1996 година излезе истиот ден како и конзолата „Нинтендо 64“ и се смета за еден од највлијателните рани 3Д платформери.

Аукциската куќа соопшти дека имало „помалку од пет“ примероци во толку добра состојба.

Продажбата претрка уште еден рекордер, оригинална дискета „Легендата на Зелда“ (Legend of Zelda), поставен само два дена претходно. Оригиналната нинтендо-дискета на оваа игра се продаде за 870.000 долари во петокот, за кратко да стане најскапа игра во светот.

Ниту една од двете игри не беше купена поради нивната реткост – Нинтендо ги објави двете верзии за својата конзола Nintendo Switch.

Наместо тоа, тие имаат вредност како физички меморабили, на ист начин како и ретките колекционерски картички.