Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со 95,22 отсто од избројаните гласови партиите на Бојко Борисов и Слави Трифонов се изедначени, но сепак ГЕРБ има минимална предност пред Има таков народ.
Според објавените резултати од Централната изборна комисија ГЕРБ има 23,91 отсто од гласовите, а Има таков народ 23,66%. На трето место е БСП со 13,63, а по неа Демократска Бугарија со 12,55 отсто. Партијата на Турците, ДПС, е петта со 10,59%, а шестата политичка партија која ќе влезе во парламентот Исправи се! Мутри надвор! со 5,04 проценти. Иако бугарските националисти од три партии се обединија во една коалиција околу ВМРО, тие имаат само 3,21 отсто и не го поминуваат 4-процентниот праг. Тоа е помалку од резултатот на априлските избори кога ВМРО излезе сама на гласањето.
Бугарите во странство гласаа слично како и на изборите во април. Досега се обработени 55 отсто од гласовите во странство и според податоците Има таков народ има 33,26% од гласовите, на второ место е ДПС со 19,84, а на трето место Демократска Бугарија со 18,5 проценти.
Со вакви резултати протестните партии немаат доволно пратеници да формираат мнозинство. Неизвесно е каков ќе биде расплетот на ституацијата.