Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Организацијата за намалување на сиромаштијата (ОКСФАМ) алармира дека статистичките податоци упатуваат оти 11 лица умираат од глад секоја минута во светски рамки и дека бројот на гладни луѓе за една година е зголемен за шестпати.
Во извештајот под наслов „Вирусот на глад се зголемува”, ОКСФАМ истакнува дека бројот на смртни случаи од глад го надминува бројот на смртни случаи од Ковид-19, што убива околу седум лица во минута.
– Статистиката е застрашувачка, но мора да имаме предвид дека овие луѓе се соочуваат со незамисливо страдање. Дури и една личност што умира од глад е премногу, изјави претседателот на Оксфам, Аби Максман.
Оксфам наведува дека 155 милиони луѓе ширум светот се соочуваат со неизвесност кога станува збор за храната и дека тоа е за околу 20 милиони повеќе од минатата година. Околу две третини од нив се соочуваат со глад поради воени конфликти.