Не се залетувајте по „освоените 700.000 долари“ ако ви стигни таква порака на Вибер


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Корисниците на апликацијата „Вибер“ изминативе деновиве алармираат и предупредуваат дека им пристигнуваат лажни пораки за наводно освоени 700 000 долари.

Според она што може да се забележи, пораките се испраќаат од броеви на кои има руски префикс (+79), а испраќачот е потпишан со имиња како Сесилија Андроникова, Олга Гордеева…

Во лажната порака се наведува дека вашиот број е избран за добитник на 700 000 американски долари во промотивна програма на „Вибер“ и се бара да се испрати код на одредена е-адреса.

На крајот од порака „добитникот“ е предупреден и дека ова е доверлива порака.