Она што не ѝ успеа на Меланија како прва дама на САД, ѝ успеа на Џил


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првата дама на САД, Џил Бајден, сопруга на актуелниот американски претседател Џо Бајден, заврши на насловната страница на августовскиот број на Vogue.

Џил позираше за Vogue облечена во фустан со цветен дезен со цвеќиња со потпис на Оскар де ла Рента на насловната страница. Фотографијата е направена на балконот на Белата куќа. Бајден е третата американска прва дама што се појавила на насловната страница на ова престижно списание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Прва била Хилари Клинтон. Втора Мишел Обама која ја доби насловната страница дури три пати.

Меланија Трамп очајно сакала да биде трета, но никогаш не успеала во тоа. Видеото кое протече минатата година открило дека Меланија се надевала дека ќе се најде на насловната страница на изданието на Вог во септември 2018 година. Таа насловна ја добила Бијонсе, а Меланија бурно реагирала во тоа време.

„Ана ја даде целата септемвриска насловна, целата, сè, на Бијонсе. Таа ќе ангажира црн фотограф и тоа ќе биде првиот црн фотограф што некогаш снимил насловна страница на Vogue”, им рекла изненадената Меланија на соработниците во тоа време.

„Што? Тоа е лудо”, коментирал тогашниот нејзин соработник, на што Меланија одговорила: „Тоа е она што го слушнав”.

Снимката од тој разговор подоцна ја објави БиБиСи Њуз.

Уредничката на Vogue, Ана Винтур, еднаш навестила дека Меланија, како прва дама, никогаш нема да добие насловна страница.

„Насловната страница на модниот магазин Vogue не ја дефинира г-ѓа Трамп бидејќи се најде на неа многу пред да биде прва дама. Нејзината улога како прва дама на САД и сè што прави е многу поважно од некои површни фотографии“.

„Ова само дополнително покажува колку е пристрасна индустријата на модните списанија и колку е несигурна и теснограда Ана Винтур “, рекла Меланија потоа во изјавата.

Меланија Трамп еднаш ја добила насловната страница на Vogue , но не како прва дама. Тоа било пред нејзината венчавка со Трамп, во 2005 година. Нејзиното покажување на венчаницата пред венчавката тогаш многумина го нарекле врв на невкусот.