Вознемирувачки снимки: Крвничко претепување затвореници од страна на затворски чувари кое ја шокираше Италија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Видео-снимките на кои е снимено како италијанските затворски чувари како безмилосно тепаат затвореници со палки и тупаници после минатогодишните протести за пандемијата на коронавирусот, предизвика шок во италијанската јавност во средата и го налути министерот за правда.

Претепувањето се случило на 6 април 2020 година, во затворот Санта Марија Капуа Ветере, северно од Неапол, а снимките за видео надзор ги објави дневниот весник „Домани“ во средата.

Снимката предизвика осуда од дел од политичката класа, но и изрази на поддршка за чуварите.

Министерката за правда Марта Картабија рече дека тоа „го нарушува достоинството на затворениците, но и униформата што секој вработен во затворот, маж или жена, треба да ја носат со гордост“ и повика на темелна анализа на настаните.

Државното обвинителство започна истрага минатата година откако беа покренати тужби за насилство од затворските стражари еден ден откако протестот предизвикан од информациите за позитивен случај на ковид-19 меѓу затворениците.

52 вработени во затворот беа уапсени оваа недела или беа известени за судска постапка против нив под сомнение за тортура, насилство и злоупотреба на моќ. Истрагата опфати повеќе од 110 лица.

Од СМС-пораките што ги разменија чуварите, може да се види дека акцијата во која учествувале повеќе од 280 припадници на затворската полиција била планирана и замислена како одмазда.