Путин откри со која вакцина се вакцинирал против Ковид-19 и дека кренал малку температура


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот на Русија, Владимир Путин, на граѓанско прашање дали и каква вакцина примил против Ковид-19, откри дека, по негов избор, ја примил руската вакцината против коронавирус „Спутник В“.

Рускиот претседател, кој денеска одговара на прашања од руските граѓани, кажа дека бил замолен да не кажува која вакцина ја примил за да не создаде конкуренција, но потоа, сепак, призна дека станува збор за вакцината „Спутник В“, што беше развиена од рускиот Инвестициски фонд во соработка со институтот „Гамалеа“.

Оваа руска вакцина беше првата регистрирана вакцина во светот против Ковид-19.

-Донесов одлука да се вакцинирам со „Спутник В“, затоа што нашите вооружени сили се вакцинирани со оваа вакцина, а јас, сепак, сум врховен командант. По приемот на втората компонента од вакцината вечерта имав температура од 37,2 степени, а веќе утрината имав 36,6 степени, откри Путин.

Рускиот претседател додаде дека имунолошкиот тест покажал дека по вакцинирањето кај него има високо ниво на заштита од коронавирус.

Тој, исто така, истакна дека е против задолжителната вакцинација и дека „луѓето по неа се уште се соочуваат со инфекцијата, но дека болеста полесно се поднесува или е без последици“.

-Како што гледаме, кај нас се е во ред. Фала му на Бога, немаме трагични ситуации по вакцинирањето, како на пример по употребата на „АстраЗенека“ или „Фајзер“, рече Путин.