Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Принцот Хари со видео кое го објави на Инстаграм го одбележа 60-от роденден на неговата покојна мајка, принцезата Дијана. Прво им се обрати на сите што работат со пандемични проблеми и рече дека Дијана би била горда на нив.
„Мама веруваше дека младите имаат моќ да го променат светот. Веруваше во силата затоа што ја гледаше од ден на ден и беше сведок на безграничен ентузијазам и страст кај младите”, рече Хари. Тој додаде дека кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус погодила многу заедници, жени, малцинства и помалку богати земји.
View this post on Instagram
Во својот краток говор, Хари го спомна и принцот Вилијам, кого би го сретнал за време на откривањето на статуата посветена на Дијана. Браќата не се виделе од последното збогување со нивниот дедо, принцот Филип.
„Мојот брат и јас препознаваме што би било важно за нашата мајка за нејзиниот 60-ти роденден. Таа би била толку горда на сите што живеете со цел и сочувство кон другите”, заклучил принцот.
Хари пристигна во Лондон пред неколку дена за да присуствува на церемонијата на откривање на статуата на Дијана. Неговата сопруга Меган Маркл и децата Арчи и Лилибет останаа во Калифорнија.