IKEA си направи маркетиншка финта од фамозниот потег на Роналдо со Кока-Кола сокчињата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Обично стаклено шише со механизам за затворање именувано како Кристиано се продава под описот „шише за повеќекратна употреба, само за вода“. „Пијте вода, одржливо“, напишаа на социјалните мрежи од IKEA. Истото стана вирален хит на интернет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IKEA Canada (@ikeacanada)

„Дајте покачување за маркетинг тимот“, „Каков одличен маркетинг“, „Одлична, многу паметна идеја“, напишаа воодушевените клиенти.

За потсетување, Роналдо отстрани две спонзорирани шишиња Кока-Кола за време на европресот и ги замени со вода. „Пијте вода!“, порача тој. Со тој потег, Португалецот за кратко време направи акциите на Кока-Кола да загубат дури четири милијарди долари.