Германските медиуми „паднаа на задник“ од импресивноста на новиот руски носач на авиони


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Германскиот весник „Ханделсблат“ објави прилог посветен на перспективниот руски носач на авиони. Според објавата на „Ханделсблат“, станува збор за проектот 23000 „Шторм“ проектиран од Криловскиот државен научно-истраживачки центар.

„Од габаритите ти запира здивот: бродот е долг преку 300 метри и висок преку 65 метри. Неговиот газ е скоро единаесет метри, а депласманот 80000 тони. Го напојуваат четири нуклеарни реактори од по 305 мегавати. Со нив бродот развива брзина од 55 км/час“.

Авторот на описот, судејќи според сé, не се сомнева дека толку крупен проект ќе биде реализиран. Тој прецизира дека носачот на авиони треба да носи околу 70 авиони и хеликоптери. Тоа, покрај Су-33, ќе бидат најновите ловци МиГ-35 и Су-57.

Покрај тоа, во неговиот арсенал ќе се најде и најновото хиперсонично чудо на воената индустрија – крстосувачката ракета „Кинжал“ и противбродската ракета „Циркон“.

Бродот се прави специјално и за ракетите со среден дострел „Калибар“.

„Воената морнарица на Русија претходно соопшти дека, според планот, нуклеарниот носач на авиони ќе биде ставен во експлоатација околу 2030 година“, се вели на крајот на статијата.

Извор: Russia Beyond на македонски