Арнаутовиќ санкциониран од УЕФА – еве каква казна му е изречена


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ денес беше казнет од страна на УЕФА поради навредите кои ги упати кон нашиот репрезентативец, Езѓан Алиоски.

Арнаутовиќ со навредливи зборови на националистичка основа се обрати кон Езѓан Алиоски на мечот од првото коло на ЕУРО.

ФФМ го пријави случајот, а УЕФА денес и официјално ја објави казната за напаѓачот.

Арнаутовиќ е суспендиран за еден натпревар и нема да настапи на утрешниот дуел со Холандија.