Home Шоубизнис Реакција од Кока-Кола на потегот од Роналдо со нивните сокчиња

Реакција од Кока-Кола на потегот од Роналдо со нивните сокчиња

Светски познатиот и популарен производител на безалкохолни пијалоци, компанијата Кока-Кола, се огласи со реакција на потегот од капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, кој ги оттргна шишињата со овој газиран пијалак на прес-конференција пред натпреварот со Унгарија (3:0).

Во изјавата, Кока-Кола истакна дека „секој има свои желби за пиење“, додавајќи дека секој има различни „вкусови и потреби“.

Ден претходно, разни медиуми ширеа информации дека поради гестот на Роналдо, Кока-Кола изгубила четири милијарди долари.

Роналдо повеќепати претходно призна дека не користи Кока-Кола и Пепси, тој никогаш не ги рекламирал овие пијалаци и, како што кажа, му забранува на неговиот син да ги пие.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …