Актерката Силвија Стојановска осудена на 3,6 години затвор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Актерката Силвија Стојановска денеска е осудена на 3,6 години затвор, а нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ доби 7-годишна казна затвор.

Нив им се судеше по обвинението за транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.

Стојановска до правосилноста на пресудата ќе остане на слобода, бидејќи и е укинат куќниот притвор и за неа е одредена мерка на претпазливост, додека Будисавјевиќ до правосилноста на пресудата ќе остане во притвор.