Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италија на фантастичен начин го отвори Европското првенство, декласирајќи ја селекцијата на Турција.
Во првото полувреме Италија создаваше прилики, но голови не видовме и на пауза се замина со 0:0. До предност Италијанците стигнаа со автоголот на дефанзивецот на Јувентус, Мерих Демирал.
Од тој момент Турција мораше да се отвори и Италија имаше повеќе простор, па се редеа шанси пред голот на Турција. Дека Италија ќе стигне до победа стана јасно кога погоди Имобиле за 0:2. Конечните 0:3 ги постави Лоренцо Инсиње.
Ова секако е одличен старт за Италија, која ќе потсетиме на Европското првенство влезе со серија од 27 натпревари без пораз.