740 килограми кокаин „тежок“ 100 милиони евра запленет на Малта – требало да заврши во Словенија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


740 килограми кокаин вредни 100 милиони евра беа запленети на Малта, во контејнер со банани што требало да се растовари во Словенија.

Контејнерот во кој е пронајдена дрогата се движел од Еквадор кон Словенија, објавија денеска словенечките медиуми.

Станува збор за рекордна заплена на кокаин во медитеранската островска држава, поголема од минатогодишната заплена на 612 килограми дрога во брод што патувал на линијата Еквадор-Колумбија-Либија.

Царината на Малта соопшти дека откривањето на дрогата е резултат на операција која траела долго. Заедно со другиот товар, биле прегледани 1.080 кутии банани, од кои 37 кутии со банани содржеле вкупно 740 пакувања од белата материја. Во лабораторијата било утврдено дека станува збор за кокаин со многу висока чистота.

Специјална единица на малтешката полиција за борба против дрога и дежурната судијка Каролин Фаругија Френдо, која ја води истрагата, била информирана за откривањето на дрогата.