Временска прогноза за осмиот јунски ден


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денеска, вторник, 8. јуни, времето во Maкедонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во јужните делови. Утринската температура ќе се движи од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 18 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за развој на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 27 степени. Маврово 18, Охрид 23, Битола 25, Крива Паланка 23, Берово 22, Кавадарци 28, Дојран 29.

Во текот на оваа седмица ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Локално во следните денови процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата нема значително да се менува.