Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Членот на управниот одбор на руската УФА, Ростислав Мурзагулов, објави провокативни фотографии со спортската новинарка Улијана Тригубчак со која е во љубовна врска, па сега истите предизвикаа потрес во УФА.
Мурзагулов е претседател на Управниот одбор на УФА, а познат е и по тоа што пее и се занимава со политика. Тој е во љубовна врска со Улијан веќе подолго време.
„Разбирам дека многумина ќе ме осудат за тоа, веројатно ќе престанам да бидам директор на клубот, но ова е паметна одлука“, изјави Муразгулов за руските медиуми, додавајќи:
„Ако се морони, нека разберат дека мојата фотосесија има такви последици. Не сакам да бидам фудбалски гробар, но ако мислат дека проблемот е во мене, тогаш добро. Нека најдат некој друг, кој е облечен. Најважно е фудбалот да не страда. Нема да бидам изгубен, немам проблем со понудите за работа“.