Најскапиот автомобил на светот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Овој автомобилски примерок е толку скап, што според неофицијалните информации кои се протечени во јавноста, само две лица неофицијално се регистрирани како клиенти.

Станува збор за Бијонсе и Џеј Зи. Според најновите гласини, токму тие решиле да исплатат околу 28 милиони долари за една од трите најавени копии на Rolls Royce Boat Tail.

Неочекувано, вестите за клиентите се проширија по помалку од една недела од премиерата на автомобилот. Да нагласиме дека ова сè уште се гласини, но сè поизвесно е дека автомобилот со фрижидер во кој се лади шампањ Арман де Брињак ќе го купат токму овие sвезди.

Да потсетиме, Џеј Зи е косопственик на оваа марка, а парот често ја посетува француската ривиера и е склон кон наутички стил, што не му недостасува на овој автомобил. Да не спомнуваме дека обајцата сакаат сина боја.

Дали овие врски се доволни за некој да издвои сума пари за автомобил за кој може да се купи цела марка луксузни автомобили, времето ќе покаже.