Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првиот човек на македонското здравство, министерот Венко Филипче, утрово откри дека 40-годишната Јасмина Василковска е донорот со чие срце изминатиот викенд беше направена третата трансплантација во историјата на македонското здравство.
Министерот денеска се сретна со мајката и таткото на Јасмина, кои покрај нејзиното срце, се согласија и да ги донираат нејзините бубрези.
„Утрово сретнав со семејството на 40 годишната Јасмина, жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи. Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски кои во саботата во моменти на најголема болка, одлучи да ги донира нејзините органи.
Јасмина беше мајка на 10 месечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа. Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест,никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне“, напиша утрово Филипче.