Ја прашаа Георгина дали Роналдо останува во Јувентус – еве што одговори


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Доаѓањето во Јувентус на ново-стариот тренер Масимилијано Алегри ќе промени многу работи во клубот од Торино, по сезоната во која „Старата дама“ заврши на четвртото место во Серија А.

Алегри, пишуваат Италијанците, би можел да ја поддржи продажбата на Роналдо. ПСЖ и Манчестер Јунајтед се заинтересирани и фудбалскиот свет чека исход. И додека Роналдо се подготвува со Португалија за Еврото, неговата свршеница Георгина Родригез шеташе по улиците на градот Jacака во североисточна Шпанија. Таму и пришол еден навивач, кој ја следел и ја снимал.

„Дали Кристијано останува во Јувентус? ја прашал.

Георгина се свртела и кратко одговорила: „Останува“.

Роналдо има уште една година од договорот со Јувентус и заработува околу 30 милиони евра по сезона.