„Лозари“ го „запалија“ Кавадарци – погледнете ја спектакуларната прослава на нивниот роденден (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Навивачите од популарната навивачка група „Лозари“ од Кавадарци вчера вечерта го прославија 30-тиот роденден на неверојатен начин.

Навивачите кои го бодрат Тиквеш направија спектакл кој досега не е виден во Македонија. Буквално „гореше“ цел град, а телевизијата „РТК“ емитуваше во живо од целиот настан.

Лозари и кавадарчани вечно ќе го паметат овој роденден затоа што Тиквеш оваа година избори место во Првата македонска фудбалска лига.

Според најавите, беа запалени илјада факли на улиците, а дополчнително градот беше осветлен од околу 200 светлечки ракети и надополнет со огномет.