Првиот примерок со посвета од новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација го доби папата Франциск


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во посета на Италијанската Република и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, денеска имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск.

Пендаровски на својот Фејсбук профил напиша дека Папата Франциск е прв кој го доби најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација.

„Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица.

Ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното #EURO2021. Нека донесе среќа, нови успеси и победи на претстојното европско првенство.“, напиша Пендаровски на Фејсбук.