Home Актуелно Премиерот Заев ја прими втората доза од вакцината на Синофарм против Ковид-19

Премиерот Заев ја прими втората доза од вакцината на Синофарм против Ковид-19

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска ја прими втората доза вакцина против Ковид-19.

-Денеска ја примив втората доза на вакцината „Синофарм“. Се чувствувам одлично и продолжувам со работниот ден. Ги повикувам сите граѓани кои досега не се регистрирале на порталот www.vakcinacija.mk тоа да го сторат што побргу, со цел да постигнеме колективен имунитет и да прогласиме победа врз пандемијата предизвикана од КОВИД-19, напиша премиерот на фејсбук.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…