Еве колку ќе ја чинат Македонија картичките за плаќање патарини за српските туристи кои ќе минуваат низ земјава

Patarina

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Изработката на една картичка за плаќање на патарини наменета за секој српски турист кој летово ќе минува низ земјава ќе ја чини Македонија сто денари, соопштија од Владата.

-Патарините од Табановце до Богородица чинат 760 денари и толку средства ќе има на секоја од картичките. Сто денари чини изработката значи 860 денари за едно возило, рече владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција.

Владата ги ослободи од плаќање патарина од 15 јуни до 15 август српските туристи како благодарност за донираните вакцини.

Останатите српски државјани, кои ќе одат во Охрид, преку автопатот Скопје-Гостивар, или во Дојран, преку автопатот Скопје-Штип, нема да можат да го користат подарокот од македонската влада.

Ослободувањето од плаќање патарина ќе трае од 15 јуни до 15 август. Србија донираше 8 илјади вакцини на „Фајзер“ во февруари, а потоа во април уште 40 илјади вакцини „Спутник“. Исто така, во Србија се вакцинираа над 15 илјади македонски граѓани