Бројот на пациенти кои се лекуваат од Ковид-19 во болниците се намалува


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Од Министерството за здравство информираат дека во ковид центрите се лекуваат 391 пациент со ковид. А има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите.

На инфективните оддели во Скопје се лекуваат 151 лице сомнително и потврдено за ковид-19, а во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 240 пациенти.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, велат од Министерството.

Филипче за матичните лекари – Тие се клучна алка во синџирот за јавното здравје
Во екот на третиот ковид-бран имаше и над 1700 пациенти со корона кои се лекуваат во болниците.