Подвиг за историја: Македонскиот таеквондо борач Дејан Георгиевски обезбеди олимписка норма за летната Олимпијада


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонскиот таеквондо борач Дејан Георгиевски направи голем успех и обезбеди олимписка норма за ЛОИ во Токио!

Георгиевски на европскиот квалификациски турнир во Софија во категоријата над 87 килограми успеа да слави над олимпискиот шампион Радик Исаев од Азербејџан и така обезбеди место на финалниот собир. Георгивски го доби Исаев со 13:6.

Претходно место на Олимписките игри од Македонија обезбеди борачот Могамедгаџи Нуров, а се очекува и каратистот Емил Павлов да го направи истото.