Тие се првиот европски пар кој се всели во куќа целосно направена со 3D печатач


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Елиза Луц и Хари Декерс се првиот пар во Европа кој ќе живее во куќа направена од 3D печатач за бетон, а луѓето кои го поддржуваат овој проект велат дека на светот ќе му се отвори можност за обликување куќи по своја желба.

Елиза Луц и Хари Декерс, поранешни продавачи од Амстердам, во четвртокот го добиле дигиралниот клуч за отворање на двособниот бунгалов.

„Преубава е. Имате чувство дака сте во бункер, делува многу безбедно“, рекол Декерс.

Новата куќа се состои од 24 бетонски елементи кои се печатени слој по слој во Ајнховен пред со камион да се транспортираат на местото за склопување.

Потоа е додаден кров и прозори и направени се завршни работи на куќата од 94 квадрати.

Оваква куќа би било тешко да се направи користејќи традиционалниметоди, а објектот е прв од пет кој градежната фирма „Sent-Goban Veber Bemiks“ планира да ги направи во предградието на Ајнховен.

Во последните две години делумно се направени куќи со бетонски 3D печатачиво Франција и САД.

„Ова е прва куќа која властите ја одобрија 100% и во која луѓе се вселени и плаќаат да живеат тука“, рекол Бас Хијсманс извршен директор на компанијата.

Градењето со 3D метод се прави со големи роботски раце кои испуштаат бетон слој по слој и така прават ѕидови.

Хијсманс рекол дека за правење на куќата биле потребни 120 часа работа на бетонскиот 3D печатач.