Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фамозниот пар патики лично дизајнирани и носени од Канје Вест поставија нов светски рекорд откако на аукциска продажба беа продадени за 1,8 милиони долари. Моделот „најки ер јизи 1 прототајп“ оригинално беше проценет на милион долари, а Вест ги носеше на настапот на Греми наградите во 2008 година.
Тие го соборија рекордот на „најки ер џордан 1“ од 1985, кои лани постигнаа цена од 615.000 долари.
„Ова се први патики кои на аукција достигнаа цена од еден милион долари“, соопшти „Сотбис“.
Патиките ги купи „РАРЕС“, интернет платформа која инвестира во ретки обувки. Тие досега беа во сопственост на колекционерот Рајан Ченг. Вест ги лансираше патиките „ер јизи 1“ во 2009, а четири години подоцна го прекина партнерството со „Најки“ и ја почна соработката со „Адидас“, што лани го направи милијардер.
Во изминатите години, патиките се здобија со вреден колекционерски статус исто како вино и накит. „Сотбис“ пред две години ја одржа првата аукција посветена исклучиво на патики.