Сопругата на Балашевиќ донира 32.000 евра за Академијата на уметности во Нови Сад


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Семејството на неодамна починатата музичка легенда Ѓорѓе Балашевиќ одлучи да донира 3,6 милиони српски динари (околу 32.000 евра) на Академијата за уметности во Нови Сад.

Според тамошните медиуми, вдовицата на Ѓорѓе Балашевиќ по смртта на легендарниот пејач за прв пат ќе се појави во јавноста со цел да ја предаде донацијата на институцијата. Семејството одлучило да и помогне на Академијата за уметност затоа што таму се школувале двете ќерки на Балашевиќ.

Оливера ја потврди веста на својот Инстаграм.

„Во деновите што се непростливо тешки за моите деца и за мене, како родител сум барем малку смирена, бидејќи од трите деца, две беа образовани од Академијата за уметности во Нови Сад“, напиша таа.