Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, во говоро кој го одржа во раните утрински часови од својот дом во гратчето Банки, соопшти дека неговата коалиција ГЕРБ-СДС одлучила да го врати мандатот за формирање влада кај претседателот Румен Радев.
Во јавувањето во живо преку социјалните мрежи, тој беше во друштво на кандидатот за премиер Даниел Митов, претседателката на парламентарната група Десислава Јатанка Атанасокова и градоначалничката на Софија, Јорданка Фандаков.
„Информирајте го претседателството дека е ова одлука на Извршниот комитет. Одете, вратете се и работете во парламентот. Бугарите се мудар народ и затоа не нè оставија да управуваме сами“, вели Борисов во дел од видеото.
Според процедурите, по враќањето на мандатот, Радев ќе треба да ѝ го додели на втората политичка сила во новиот парламентарен состав, во случајот Има таков народ на Слави Трифонов.
Борисов во видеото посочува дека новите партии, кои произлегоа од протестите што се случуваа во Бугарија изминатиот период, заедно со бугарските социјалисти, имале огромно мнозинство од 165 пратеници од вкупно 240 во Националното собрание, но и предвидува дека новото мнозинство нема да може да ги спроведе евентуалните нови избори во Бугарија. Доколку целта, според него, е формирање доживотна привремена влада, тогаш станува збор за напад на демократијата.
„Нема да можат да се справат со електронското гласање, по пошта, ќе направат голем проблем. Очигледно е дека немаат ниту правен капацитет. Тие не успеваат со ништо што ќе допрат“, вели Борисов.