Дали Рашковски имал пристап до серверот каде биле прашањата за кандидатите на Академијата за судии и јавни обвинители?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Инвока Груп, фирмата која моментално е под истрага, а преку која поранешниот ген-сек на Влада, Драги Рашковски го набавил спорниот сообраќаен софтвер, го одржувала и хостингот на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, пренесе Канал 5.

Тоа за споменатиот медиум го потврдила и директорката на Академијата Наташа Габер Дамјановска. Но по објавените информации во јавност дека при извршен претрес во канцеларијата на Рашковски на Правниот факултет бил пронајден и софтверот за прашања на кандидатите, Дамјановска вели дека нема никакви сознанија околу тоа што било пронајдено, но вели серверот со прашањата се наоѓа при Владата.

-Фирмата Инвока Груп го сервисираше хостингот, а серверот со прашањата се наоѓа при Владата. Со оглед на тоа што оваа фирма сега е опфатена со постапка, Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев преку Влада ќе бара друга фирма.-Наташа Габер Дамјановска – Директор на Академија за судии и јавни обвинители

Рашковски од дома завчера беше спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари, по одлуката на Кривичниот суд да ја преиначи мерката на која се жалеше обвинителството. Според порталот Сдк.мк четвртоосомничениот во истрагата не успеал да го форматира мобилниот телефон пред да му биде одземен и во него е пронајдена СМС порака од Рашковски со содржина:

„Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да те разберат“

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција официјално не ги повтдуваат информациите.. Освен Рашковски, во ефективен 30 дневен притвор од вчера е и сопственикот на Инвока Груп, Даниел Станчевски. Останатите двајца осомничени остануваат со одземени пасоши и забрана за напуштање на живеалиштето. Обвинителството ја отвори истрагата околу набавката на софтвер вреден 80 илјади евра кој Рашковски го набавил од фирмата Инвока а за кој МВР тврдеше дека не и е потребен.