Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Погребот на принцот Филип, сопруг на британската кралица Елизабета II, помина, па сега британските медиуми се фокусираа на неговото наследство и потенцијалните наследници на истот.
Принцот зад себе оставил богатство кое се проценува на 10 милиони фунти, кои делумно ги заработил додека работел во морнарицата, а не треба да се заборави и дека како член на кралското семејство заработувал околу 400.000 фунти годишно.
Покрај ова, со кралицата вложувал во недвижности, акции, уметнички колекции и ретки книги.
Кралското семејство не ја откри содржината на тестаментот на принцот, а единствено што е познато е дека неговата кочија и понито ќе ги наследни внуката Луис, 17-годишната ќерка на принцот Едвард, која со својот дедо ја делеше страста кон коњите.
Дел од неговиот имот ќе наследат неговите четири деца принцовите Чарлс, Едвард и Ендру и принцезата Ана, меѓутоа најголемиот дел се претпоставува, ќе и припадне на кралицата Елизабета Втора.
Иако се очекуваше дека неговатата титула ќе ја наследи принцот Едвард, сепак таа ќе му биде доделена на Чарлс, кој ќе ја проследи до Едвард кога ќе стане крал.
Освен тоа, целиот имот кој по смртта на Филип ќе го добие кралицата, од неа ќе го наследи принцот Чарлс, па така тој ќе биде оној кој на крај ќе добие најголем дел од богатството на својот татко.
Се шепкулира и дека дел од имотот принцот Филип им го оставил на хуманитарните организации што ги поддржувал, пишуваат британските медиуми.