Распад на Суперлигата уште пред да почне: Англиските клубови први „го напуштија бродот“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Европскиот фудбал е во вистински хаос после најавените тектонски промени и уште побрзиот крај на непочнатата фамозна Суперлига, откако 6-те англиски клуба одлучија да се откажат од основање на истата.

Откако УЕФА и целиот фудбалски свет покажа силен отпор на Суперлигата, Челзи и Манчестер Сити беа први кои најавија излегување од целиот проект.

Наводно двата клуба ги согледале негативните ефекти и фактот дека нивните навивачи се против Суперлигата, па се одлучија на ваков потег.

Веднаш потоа им се придружија и останатите англиски клубови кои беа дел од Суперлигата, Манчестер Јунајед, Арсенал, Ливерпул и Тотенхем, а повлекување најавија и Барселона и Атлетико Мадрид.

Ова значи „крах“ за Суперлигата и целосно распаѓање на проектот кој го формираа 12 европски гиганти.

Распадот на Суперлигата ќе предизвика голем потес во европските клубови кои беа основачи на овој проект.

После таквата одлука се случи силен потрес во Манчестер Јунајтед, каде генералниот директор Ед Вудворд си поднесе оставка. Тој беше еден од главните луѓе во целиот проект, па наводно после оставката избегал на тајна локација.

Италијанските медиуми најавуваат дека и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели најавил повлекување од претседателската функција.