Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според податоците до кои дојде и ги пренесува 360 Степени, џипот што го возеше поранешниот генерален секретар во Владата Драги Рашковски е регистриран на фирма чиј сопственик се наоѓа на листата на владини хонорарци.
„360 Степени“ објави фотографија на која се гледа како Рашковски како се качува во џип Волво во вредност од над 70 илјади евра, кој, како што објавија денеска, е во сопственост на фирмата Г.Б.Ц. Системи.
Сопственик на оваа компанија е Игор Христов, кој бил и се уште е хонорарен соработник на Владата за одржување информатички системи во Генералниот секретаријат.
Христов вели дека минатата година купил 2 идентични возила Волво, со тоа што едното го дал на користење на сопругата на Рашковски, со кој, како што вели, се знаеле повеќе од 15 години.
-Рашковски нема никаква поврзаност ни со сопственичка, ниту со управувачка функција во мојата фирма – рекол Христов за „360 степени“.