Сте чуле за GrelkaFest?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


GrelkaFest е атрактивен и провокативен настан кој се одржува во руски Кузбас, на популарниот скијачки центар Шерегеш, каде секоја година голем број на учесници се собираат на овој фестивал за да учествуваат во масовниот скијачки спуст во костими за капење.

Оваа година на GrelkaFest беше срушен рекордот според бројот на разголени скијачи и скијачки на Шерегеш, пренесува Русија Бијонд на македонски јазик.

Нов рекорд според бројот на скијачи кои учествувале во масовен спус во костими за капење беше забележан на 17 април. Тој ден по снежната падина на планината Зелена се соблекоа и на скии и сноу-борд се спуштија 1.772 учесници во настанот.

Самото одржување на фестивалот и спустот по падината во костими за капење преставува голем настан за организаторите, бидејќи само пред една година настанот беше откажан поради пандемијата.