Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Полицијата денеска изутрина го привела доскорешниот секретар во премиерскиот кабинет и ексгенерален секретар на Владата, Драги Рашковски, откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција, пренесува „360 степени“.
Приведен е и сопственикот и управител на фирмата што ја доби спорната набавка – „Инвока гроуп“, Даниел Станчев.
Рашковски и Станчев беа изведени пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд-Скопје за давање изјава.
„360 степени“ веќе објави дека со наредбата за истрага се опфатени вкупно четири лица. За другите двајца Обвинителството предлага други мерки на обезбедување.
Обвинителството потврди: Рашковски и уште тројца осомничени за набавката на софтверот
Рашковски во средата објави дека се повлекува од функцијата во кабинетот на премиерот Зоран Заев, а оставката ја напишал два дена порано, што се совпаѓа со денот кога медиумите објавија дека тој вози џип што не фигурира во неговиот анкетен лист доставен до ДКСК.
„360 степени“ го отвори случајот за набавката на софтверот на 9 март, а наредбата за истрага доаѓа само еден месец и една недела подоцна.