Димитров во работна посета на Виена – оттаму ја почнува неговата европска политичка турнеја


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ќе престојува во работна посета на Виена во чии рамки е предвидено да е има средби со Каролине Едштадлер, министерка за Европа и Устав, и со министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, посетата е дел од турнејата на вицепремиерот Димитров на главни градови на земји членки на ЕУ, а во контекст на изразените австриски заложби за интензивирање на процесот на проширување на ЕУ со државите од Западен Балкан, како и ангажманот на Австрија во справувањето со пандемијата КОВИД-19 и обезбедувањето помош врз основа на принципот на солидарност.

Како што е соопштено, Димитров ќе се осврне на реформските чекори и цврстата посветеност на Северна Македонија во надминувањето на предизвиците и исполнувањето на европската агенда, а главниот акцент ќе биде ставен на изгледите за постигнување поголема кредибилност и остварливост на европската перспектива и нејзино конкретизирање преку одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

На средбите ќе се отворат и темите повразни со билатералната соработка со Австрија како наш посветен поддржувач, која вклучува конкретна помош за спроведување на реформите во клучните области од процесот на европска интеграција, како и конкретни хуманитарни, инфраструктурни и инвестициски проекти, стои во соопштението.