Европската Унија нема да ги продолжи договорите со „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“ за вакцини против КОВИД-19


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Повикувајќи се на неименувани извори од италијанското Министерство за здравство, весникот „Ла Стампа“ денес објави дека Европската комисија одлучи да не ги обновува договорите за набавка на вакцини против ковид-19 со „Џонсон и Џонсон“ и со „АстраЗенека“.

– ЕК во договор со лидерите на многу земји на Европска Унија, одлучи договорите со компании што произведуваат вакцини против коронавирусот, кои важат за тековната година, да не бидат обновени по нивното истекување – наведува Ла Стампа.

Весникот додава дека Брисел ќе се фокусира на вакцините против ковид-19 со употреба на РНК технологија, како што се оние на „Фајзер-Бионтек“ и „Модерна“.

Слични информации минатата недела објави и германскиот весник Ди Велт.

ЕК, во меѓувреме, побара појаснување од „Џонсон и Џонсон“ за „целосно неочекуваното соопштение за одложување на испораката на своите вакцини во ЕУ“.

Информациајта доаѓа по вчерашното соопштение на „Џонсон и Џонсон“ дека ќе ја одложи испораката на вакцината против коид-19 во Европа поради стравувањата дека во ретки случаи, примателите на вакцини може да развијат згрутчување на крвта.