Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Времето во Македонија денеска ќе биде умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд и значително посвежо на северот и на западот од земјата. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег.
Дневните температури ќе се достигнат во Скопје 12 Целзиусови степени, Маврово 5, Охрид 12, Битола 15, Крива Паланка 11, Берово 12, Кавадарци 17, Дојран 19.
Прогнозата за утре е променливо облачно со сончеви периоди. На планините на северозапад од ноќта и изутрина со појава на слаб снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер. Дневните температури ќе се движат од 6 до 18 Целзиусови степени.