Некои ја сметаат за контроверзна, ние ја сметаме за искрена и реална – изјавата на Беноа Пер која „крена прашина во јавноста“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Беноа Пер повторно се најде во центарот на вниманието со неговата изјава по поразот во првото коло на Монте Карло.

Французинот беше поразен од Џордан Томпсон со 2:1 во сетови, а после мечот порача дека воопшто не му е важно што бил елиминиран толку рано.

„Не ми е гајле за овој меч. Ќе одиграм уште во двојки и си одам дома. Навистина е тажно да се видат празни трибини во Монте Карло на еден од најдобрите светски турнири. Но, сепак јас си заработив 12.000 евра. Можеби некој ќе каже зборувам за пари, но дојдов да седам во хотел и да си одам дома со 12.000 евра. Одлично“, изјави Пер.

Ќе потсетиме, Пер претходно запраша зошто да се мачи да освои АТП турнир и да добие 30.000 евра кога тој за пораз во првото коло добива 10.000 евра.