Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Алијанса за Албанците и Алтернатива поднеле 200 амандмани на предлог- закоот за изменување на Законот за попис, изјави за ТВ 21 пратеникот од Алијанса Елми Азири.
„За Законот за попис се доставени 200 амандмани, за Изборниот законик ниеден, бидејќи за тој се договорија сите партии“, вели Азири. Комисиската расправа за измените на Законот за попис може да трае максимум два дена.
Двата предлог – закони се наоѓаат на комисиска расправа, откако денеска на седница со мнозинство гласови беше изгласана потребата од нивно донесување – за да се обезбеди одложување на пописот за септември, да се уреди постапката за скенерите за отпечатоци од прст и се предвидува одложување на локалните избори за втората половина на октомври, за кампањата да почне откако ќе заврши пописот во септември.
Против гласаа седум пратеници, најверојатно од партиите на Села и Гаши.
Претседателот на Собранието Талат Џафери, попладнево ја прекина 38-седница на чиј дневен ред се овие две точки, и најави дека продолжението ќе биде закажано кога ќе заврши расправата во комисиите.
Обата предлог-закона се по скратена постапка, и се ставени на дневен ред, по средбата на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во понеделникот за одблокирање на парламентот.
Вчера премиерот Зоран Заев имаше средба со претставници на Алијанса и Алтернатива по која изјавија дека се на половина пат до решение.
Села и Гаши го блокираат со стотици амандмани донесувањето на секој закон ии одлука, инсистирајќи на прифаќање на нивното законско решение за државјанство.
Амбасадата на САД попладнево на својата фејсбук-страница објави информација дека амбасадорката Кејт Брнз разговарала со лидерите на овие две партии, со укажување да бидат конструктивна и ангажирана опозиција.