Home Живот и здравје Во Македонија со вакцината од АстраЗенека нема да се вакцинираат лица под 60-годишна возраст

Во Македонија со вакцината од АстраЗенека нема да се вакцинираат лица под 60-годишна возраст

Следејќи ги препораките и примерите на Канада и на Германија, и Македонија нема да вакцинира лица помлади од 60 години со вакцината на „Астра Зенека“.

Ова го кажа министерот за здравство, Венко Филипче, синоќа во гостување на ТВ21.

„Вечерва по двата извештаи на Канада и на Германија донесовме одлука дека ќе ги следиме нивните препораки и нема да вакцинираме со ‘Астра Зенека’ лица кои се помлади од 60 години. Ние, секако, утре почнуваме со вакцинација на повозрасни граѓани, на возраст над 77 години“, рече Филипче.

Тој додаде дека дополнително ќе се обратат и до Европската медицинска агенција (ЕМА) за став во врска со вакцината на „Астра Зенека“ по одлуките на Канада и на Германија.

„Буквално секоја вакцина која влегува во земјава е сигурна и безбедна. Националната стратегија е правена за да се категоризираат ризичните групи. Ќе ги следиме сите насоки кои произлегуваат од меѓународните регулатори“, додаде Филипче.

Денеска Германија одлучи да ја запре вакцинацијата на лица помлади од 60 години со вакцината на „Астра Зенека“, а Канада пак одлучи да не ја дава на лица помлади од 55 години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Сок што треба да се пие секоја вечер за слабеење додека спиете

Според нутриционистот Алекс Сифуентес, консумирањето на овој сок пред спиење помага во сог…