Скоро 30 милиони вакцини од АстраЗенека сокриени во фабрика во Италија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фармацевтската компанија АстраЗенека призна дека сокрила 29 милиони дози вакцина во фабрика во Италија, пренесува италијанска Ла Стампа.

Огромна количина на дози биле скриени во фабриката Каталент анањи. Според Ла Стампа, тие биле подготвени за транспорт во Велика Британија, но италијанските власти ги откриле како дел од истрагата покрената од Европската комисија.

За дозите вакцина на АстраЗенека во Италија се борат ЕУ и Велика Британија. Оваа количина вакцина е исклучително важна и за ЕУ и за Велика Британија. Што се однесува до Европската унија, ова е двојно повеќе отколку што цела Европска унија досега има добиено од АстраЗенека, додека за Британците тоа значи гаранција дека скоро 15 милиони граѓани ќе добијат втора доза на вакцина.

Станува збор, пишува Ајриш тајмс, за вакцина произведена во холандска фабрика и завршена во Италија.

АстраЗенека има договор и со Европската унија и со Велика Британија, па прашање е кој има намера да го испочитува со овие дози.

Според Ајриш тајмс, имало многу телефонски повици меѓу Брисел и Лондон за судбината на тие дози. Во исто време, Европската унија дава предлози за засилување на контролата врз извозот на вакцини, во обид да ја присили АстраЗенека да ја снабди Унијата со повеќе вакцини.

„Очекувавме испораки во стотици милиони, а не примаме ниту четвртина“, им рече на парламентарците главниот преговарач на комисијата за вакцини Сандра Галина во вторникот.

„Разговаравме со земјите-членки и, се разбира, имаме намера нешто да преземеме затоа што ова е навистина прашање што не може да се остави без надзор. Ќе ги искористиме сите алатки што ни се на располагање за да добиеме дози“, рече таа.

Според сегашните регулативи за контрола на вакцините во Европската унија, италијанската влада и Европската комисија можат да одбијат дозвола за извоз на вакцини доколку компанијата има неисполнет договор со Европската унија, но предлага да се испратат на список одредени земји, вклучувајќи ја и Велика Британија.

Рим претходно одби да издаде дозвола за испорака на 250.000 дози на Астра зенека што требало да се испратат во Австралија, прва и досега единствена одлука на Европската унија за одбивање извоз.

На почетокот на февруари од Европската унија во Велика Британија биле извезени 41 милион дози вакцини.

Британскиот премиер Борис Џонсон лобираше во Париз и Берлин за дози на АстраЗенека и постигна компромис со тоа што се согласи да ги сподели со Европската унија.