Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Башка и колеги беа едно време, во Влада. Па така, носи ред премиерот Заев да го стори сефтето на хидрогенските возила за чистење улици во производство на „Брако“ чиј сопственик и претседател на бордот на директори е Анѓушев.
Премиерот Зоран Заев денеска прв го испроба македонското хидрогенско возило за чистење улици и јавни површини на компанијата „Брако“. Камерата на ТВ 21 го документираше моментот кога поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев, сега како сопственик и претседател на бордот на директори на компанијата „Брако“, му презентираше на премиерот Заев како се управува со возилото.
Првото возило за чистење, кое целосно работи на водород и воопшто не испушта јаглерод диоксид, кое ќе се произведува во „Брако“ под брендот „Грин машинс“, денеска беше промовирано во кругот на велешката фабрика во присуство на владиниот врв.
Станува збор за еколошка машина за чистење улици и јавни површини која како гориво користи водород (хидроген) што е складиран во сад под екстремно висок притисок кој заедно со кислородот од воздухот напојува горивна ќелија која генерира електрична енергија што се користи за напојување на електромоторите на возилото.