Поради снежните услови на Плетвар воведена забрана за движење на тешки товарни возила


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од 07:50 часот утрово, поради снежните услови, на превојот Плетвар (патен правец Прилеп-Градско) воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“.

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.