Дали платежните картички и пин-кодовите ќе бидат испратени во историјата?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Експертите сметаат дека биометриските и другите бесконтактни технологии сè уште носат со себе одредени безбедносни предизвици кои треба да се решат, но дека во оваа ситуација, кога вирусот ковид може да се пренесе рачно, тие се повеќе од корисни, бидејќи помагаат да се избегнат ризични контакти, пренесува Фактор.

Банката OCBC од Сингапур воведе биометриска технологија за препознавање на лице за услугите со банкомат, со што се елиминира потребата од носење платежни картички.

Банката тврди дека е прва во Југоисточна Азија што применила биометрика на лицето (3Д и детално скенирање на лице) за услугата за биланс на сметката на осум банкомати во областа на Сингапур. OCBC има намера постепено да ја прошири оваа технологија на услугата за подигање готовина на своите автомати во споменатиот град, кога ќе утврди колку е безбеден овој начин на функционирање на банкоматите.

Потегот на банката дојде откако во јули 2019 година воведе технологија за QR-код за повлекување готовина на истите банкомати. OCBC наведува дека прашањата за салдо на сметки и повлекување готовина се најчесто користени услуги на банкоматите и дека тие сочинуваат скоро осум од 10 трансакции што ги прават клиентите.

Скенираното лице на клиентот се проверува и верифицира во националната биометриска база на податоци на Сингапур, која содржи фотографии и идентитети на четири милиони жители на оваа град-држава. Верификацијата на лицето вклучува безбедносна карактеристика за да се спречи измама, која вклучува технологија за откривање на жив организам, со што се блокира можната злоупотреба со фотографии, видеа или маски за време на процесот на верификација.

Експертите велат дека ваквите технологии сè уште носат со себе одредени безбедносни предизвици кои треба да се решат, но дека во оваа ситуација, кога вирусот може да се пренесе рачно, тие се повеќе од корисни, бидејќи помагаат да се избегнат ризични контакти.